Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Петковски повторно херој на Вардар, победија и Воска и Силекс

ВМФЛ – Запад: Петковски повторно херој на Вардар, победија и Воска и Силекс

После хет-трикот против Велешта Филип Петковски повторно беше клучен за нова победа на Вардар, денес црвено-црните ја добија Беса од Добри Дол со 1:0.

Одлучувачкиот момент се случи на 12 минути пред крајот кога Петковски го постигна голот и обезбеди победа со која Вардар остана во трката барем за второто место во баражот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Главниот ривал на Вардар Воска победи на гости кај Велешта, додека Силекс без проблеми дома го доби Тетекс со 3:1 и продолжи сигурно да чекори кон експресно враќање во првата лига.

Охрид со 4-2 го победи Гостивар, а Кораб славеше кај Кадино со 3-1 за да дојде до четвртото место на табелата после ова 14-то коло во Втората лига – Запад.

На врвот на табелата Силекс има 38 бода, Воска 29, Вардар 26, Кораб 19…

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…