Дома Останати Кошарка Влезе во НБА, па и откажа на репрезентацијата

Влезе во НБА, па и откажа на репрезентацијата

Низ минатото сведоци сме како многу кошаркари кога ќе станат дел од НБА тимовите немаат време за репрезентацијата, меѓутоа младиот Французин, Виктор Вембањама одлучи да откаже многу рано.

Французите можеби во него гледаат иднина на својата кошарка откако како прв пик беше избран од Сан Аантонио Спарс. Но, по неговиот избор донесе одлука да не игра за Франција на Мундобаскетот кој ќе се одржи на Филипините, Јапонија и Индонезија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Медиумите во САД пишуваат дека причина за откажувањето е што Сан Антонио сака повеќе да работи со него и да го подготви за НБА, па така нема време за настап за репрезентацијата.

Претходно самиот Вембањама зборуваше дека има голема желба да игра на Мундобаскетот за својата земја, меѓутоа сега тоа нема да се случи. Досега за репрезентацијата на Франција собра четири настапи во кои имаше просек од 19 поени и 8.3 скока по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во три четвртини забележа монструозен трипл-дабл (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс запишаа и четврта победа по ред, забележаа вкупно седма во се…