Кристиано Роналдо денес го слави својот 33 роденден, а бидејќи неговата заработка можеби е и најголема во историјата на фудбалот, што од договорите со клубовите, што од маркетингот и спонзорите, па себе си може да си дозволи екстремно скапи станови и автомобили.
Не е тајна дека Кристиано е љубител на брзи „играчки“ и дека има колекција од 20 скапоцени автомобили, а исто така и неколку куќи и станови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Посебно импресивен е оној кој го купи во Њујорк за 16.5 милиони евра. Станот се наоѓа во популарната кула на Трамп на петата авенија на Менхетен.
Кулата на трамп е висока 202 метри и има 58 катови. Станот на Роналдо има околу 235 квадрати и претходно беше во сопственост на Алесандро Прот еден од соработниците на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Дизајнер на внатрешниот дел е Жан Пабло Молињо кој е познат по максимилистичкиот стич. Станот е комплетно опремен и поседува три спални соби.
Причината поради која овој стан е толку скап е панорамскиот поглед на Њу Јорк од 360 степени, па така Роналдо случувањата на Мехтен може да ги следи и од својата туш кабина.