Дома Фудбал Италија „Влаховиќ може да постигне повеќе од 30 голови оваа сезона“

„Влаховиќ може да постигне повеќе од 30 голови оваа сезона“

Познатиот италијански напаѓач Лука Тони за „Газета дело спорт“ зборуваше за српскиот напаѓач од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Влаховиќ беше еден од најдобрите играчи на Јувентус под водство на Масимилијано Алегри, но беше јасно дека е доста ограничен во системот на италијанскиот стратег. Сега Тиjаго Мота пристигна со поинакво сфаќање за фудбалот и тоа треба да му донесе придобивки на Душан Влаховиќ, кој ќе има поинаква улога и малку повеќе слобода.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


“Влаховиќ го сака Јувентус. Нема многу напаѓачи со неговиот потенцијал. Тијаго Мота сака да користи централен напаѓач и тоа е неговата тактика. Влаховиќ е природен стрелец, секогаш бил”, започна Тони.

Може ли Влаховиќ да постигне 30 гола во една сезона? Минатата година имаше 18 во две натпреварувања (Серија А и Копа Италија).

„Ние сме само на почетокот, но знаците се оптимистички. Тој веќе постигна два гола, со малку среќа можеше да има повеќе. Јувентус ќе се натпреварува на неколку фронта, верувам дека може да достигне 30 гола“, изјави славниот италијански голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…