Дома Фудбал Влаховиќ не е во најлоша ситуација – Јуве го раскинува договорот со друг напаѓач?

Влаховиќ не е во најлоша ситуација – Јуве го раскинува договорот со друг напаѓач?

Петта година по ред, најтрофејниот италијански клуб Јувентус ќе остане без титулата шампион на државата, што ќе доведе до реконструкција на тимот на лето, а меѓу првите на излезните врати ќе биде искусниот голгетер Аркадиуш Милик со кого ќе биде раскината соработката, пренесуваат медиумите на Апенинот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Милик договорот му истекува дури следната година на лето, но клубот одлучи на предвремен раскин бидејќи поранешниот напаѓач на Ајакс, Наполи и Марсеј не одигра ни една минута оваа сезона.

Се започна минатото лето кога Милик претрпе повреда на менискусот на коленото за време на подготовките на репрезентацијата на Полска за Европското првенство во Германија, а несреќата која ја доживеа во националниот тим имаше огромни последици врз неговата клупска кариера.

Иако имаше надеж дека би можел да се врати на теренот, таа надеж постојано се намалуваше како што сезоната се одвиваше бидејќи се приближува датумот кога Милик ќе направи дури една година од последниот натпревар за “бјанконерите”.

Тоа беше на 25 мај минатата година во последното коло против Монца, а кратко потоа следеше повикот во репрезентација што драстично му ја промени кариерата.

Одлуката да се “исчезне од платниот список” на Милик не е реткост во Јувентус во последните години, бидејќи слично постапија и со Пол Погба, Данило и Војчех Шчесни.

Освен Милик, Јувентус има и голгетери како Душан Влаховиќ и Рандал Коло Муани, за чии статуси ќе се разгледува на крајот на сезоната.

Фото: Juventus.com

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…