Според поголем дел од американските медиуми меѓу кои и реномираниот „ЕСПН“, Влатко Андновски повеќе не е селектор на САД, а во текот на денот се очекува оваа одлука и да биде официјализирана.
Андоновски во 2019. година седна на кормилото на националниот тим на САД. Во својот период тој успеа да освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Привременот националниот тим на САД ќе биде предводен од Твила Клигор која му беше асистент на Андоновски. Според најавите наследник на Андоновски треба да биде Луис Кортес кој во овој момент е селектор на Украина.
Кариерата Андоновски би можел да ја продолжи во американскиот женски клупски фудбал, најверојатно во екипата на Канзас Сити која што ја водеше од 2013. до 2017. година.