Ако мислите дека УЕФА фаворизира одредени клубови во Лигата на шампионите, погледнете што се случуваше во Азија…
Како што е познато во Европа УЕФА често пати се обвинува ги фаворизира шпанскит клубови Реал Мадрид и Барселона, но да видиме што се случуваше во азиската Лига на шампиони, а во центарот на вниманието беше Португалецот Андре Виљаш Боаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, после натпреварот на неговиот клуб Боаш го обвини противникот Гвангжу Евергранде дека прават буквално што сакаат.
Шангај кој е предводен од Боаш на реваншот пристигна со предност од 4:0. Но во вториот натпревар исклучени им беа двајца играчи, на крајот после продолженија Гвангжу славеше над Шангај со 5:1.
Голот во гости не се брои, одлучуваа пенлати, Шангал сепак на крајот го елиминираше двократниот шампион, но Андре Виљаш Боаш не сакаше да молчи.
„Прават што сакаат. Го блокираа излезот на хотелот, два исти автомобили се судрија во два различни инциденти на патот кон стадионот. Не сме први кои се жалиме, секогаш прават вака. Покрај тоа сите можеа да видат што правеше иранскиот судија, сега, освен суспендираните играчи нема да имаме ниту голман за полуфиналето“, зборуваше Боаш.