Новак Ѓоковиќ по два сета во полуфиналето на Мастерсот во Шангај по десетти пат беше подобар од Американецот Тејлор Фриц со 6:4, 7:6.
Ѓоковиќ одлично го започна мечот и во првиот сет имаше три врзани брејк топки, но Фриц успеа да се спаси и да поведе. Сепак, Ѓоковиќ беше сигурен на свој сервис и Фриц не се ни доближи до брејк.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одлучувачки во првиот сет беше петтиот гем кога Ѓоковиќ го направи единствениот брејк и ја задржа таа предност до крајот на сетот.
Продолжи Ѓоковиќ да игра на високо ниво и во вториот сет во кој не видовме брејк, па победникот се решаваше во тајбрејк кој му припадна на срспкиот тенисер.
Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот, Јаник Синер кој денес претходно беше подобар од Томаш Махач.