Дома Останати Тенис Вимблдон носи нова лидерка, Кербер елиминирана!

Вимблдон носи нова лидерка, Кербер елиминирана!

Шпанската тенисерка Габриња Мугуруса денес ја елиминираше првата носителка на ВТА листата, Анџелик Кербер, а тоа значи дека Германката ќе го изгуби првото место.

Шампионката од Ролан Гарос од 2016 година славеше против Кербер во осминафиналето на Вимблдон со 4:6, 6:4, 6:4. После денешниот пораз Кербер, првото место на ВТА листата ќе го препушти на Симона Халеп или Каролина Плишкова.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Мугуруса, финалистката на Вимблдон од 2015 година, во четвртфиналето ќе игра против Русинката, Светлана Кузњецова.

Место во четвртфиналето обезбеди и петкратната шампионка на Вимблдон, Венус Вилијамс, таа во осминафиналето беше подобра од Ана Коњух од Хрватска со 6:3 и 6:2. Венус во четвртфиналето ќе игра против Летонката, Јелена Остапенко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Марија Шарапова донесе тешка одлука и ги изненади своите фанови

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова одлучи да ја продаде својата вила во Лос Анџел…