Дома Останати Тенис Вимблдон: Ѓоковиќ со еден загубен сет се избори за осминафинале

Вимблдон: Ѓоковиќ со еден загубен сет се избори за осминафинале

Нова победа и уште еден одличен настап на Новак Ѓоковиќ на овогодинешниот Вимблдон.

Ѓоковиќ денес на Вимблдон стигна до победа против Британецот, Кајл Едмунд со 3:1 (4.6, 6:3, 6:2 и 6:4).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стартот на мечот на најавуваше ништо добро за Ѓоковиќ, но потоа следуваше консолидирање на српскиот тенисер кој ги освои следните три гејма.

Како што одминуваше натпреварот Ѓоковиќ играше се подобро, посебно тоа беше забележително во третиот сет кога стигна и до резултатски пресврт за 2:1 во сетови.

Четвртиот сет беше последна прилика за Едмунд да ја врати неизвесноста, но Ѓоковиќ тоа не го дозволи и кога беше најважно беше на највиско ниво.

Во борба за четвртфиналето Новак ќе игра против Русит, Карен Качанов кој претходно денес го совлада Американецот, Тиафо со 3:2 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…