Дома Македонски спорт Викендов се одржа 9-тиот меѓународен пливачки натпревар „13-ти Ноември“, ова се резултатите

Викендов се одржа 9-тиот меѓународен пливачки натпревар „13-ти Ноември“, ова се резултатите

Изминатиов викенд на А1 базенот при СЦ Борис Трајковски се одржа 9-тиот по ред меѓународен пливачки натпревар ” 13ти Ноември ” во организација на ПК Бета Шаркс од Скопје. 

Оваа година натпреварот беше одржан со почитување на посебен безбедносен протокол за одржување на пливачки натпревари без присуство на публика и со повеќе делови од вообичаено. Во два дена се пливаше во 4 квалификациони и 2 финални дела. Целиот натпревар одеше во живо со пренос на фб-страната на клубот организатор ПК Бета Шаркс. 


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа година на овој натпревар и покрај потешкотиите за патување поради Ковид светската пандемија имаше присутни повеќе држави а значително е присуството на целокупната пливачка репрезентација на Република Чешка вклучително со пливачи освојувачи на олимписки медали, европски и светски финалисти. На овој натпревар учествуваа многу пливачи од светска класа како: Барбора Сееманова, Кристина Хорска, Јан Сефл, Ана Коларова, Јан Мицка, Нетр Војтек, Лидие Степанкова, Јан Чејка, Себастијан Лунак и др. 

Репрезентацијата на Чешка учествуваше со тим од 20 пливачи и претставуваа вистинска сензација и атракција изминатиот викенд во насока на подигање на атмосферата на натпреварот и создавање на шанса за учење на многу корисни работи на нашите млади македонски пливачи. Овој тим кој котира високо во светското пливање покажа што значи дисциплина, почитување, фер плеј и однос кон организаторот и противниците и како треба да се однесуваат пливачите од највисок светски ранг. 

Најдобри пливачи на натпреварот беа прогласени: –  апсолутна категорија Јан Сефл – Чешка пливачка репрезентација. –  категорија на пливачи родени 2004-2005 Андреј Стојановски Пк Нептун- категорија на пливачи родени 2006-2007 Јован Јанковски ПВК Орион – категорија на пливачи родени 2008-2009 Димитар Бошњаков ПК Скопје – категорија на пливачи родени 2010 и помали Никола Велковски ПК Вардар 

Најдобри пливачки на натпреварот беа прогласени: –  апсолутна категорија Кристина Хорска – Чешка пливачка репрезентација. –  категорија на пливачки родени 2004-2005 Ева Петровска – Аква Про Скопје – категорија на пливачки родени 2006-2007 Јана Милковска – ПК Вардар 2018 – категорија на пливачки родени 2008-2009 Катја Танасковска – ПК Скопје – категорија на пливачки родени 2010 и помали Лиса Емини – ПК Немо Приштина 

Најдобар тим на натпреварот беше прогласен тимот на репрезентацијата на Република Чешка. 

Забележително е дека создадената атмосфера со големите светски пливачки имиња ги мотивираше македонските пливачи да соборат дури 9 национални рекорди меѓу кои еден државен апсолутен. 
Соборени рекоди од страна на: 

1. Миа Блажевска Еминова – ПВК Орион – нов апсолутен и младински рекорд на Македонија во дисциплина 50м делфин 27.97 сек- нов младински рекорд на Македонија во дисциплина 50м слободно 26.33 сек

2. Ева Петровска – Пк Аква Про – нов младински рекорд во дисциплината 400м слободно 4,15,84 

3. Андреј Стојановски – Пк Нептун – нов кадетски рекорд во дисциплината 50м грбно 27,39

4. Стефан Цветковски – Пк Скопје – нов кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50м делфин 25.75 

5. Јован Јанковски – ПВК Орион – нов рекорд постари пионери во дисциплината 50м делфин 27.30 сек. 

6. Катја Танаскоска – Пк Скопје – нов рекорд постари пионери на Македонија во дисциплината 100м грбно 1,09,11 

7. Сара Јанковиќ – Пк Скопје -нов рекорд постари пионери на Македонија во дисциплината 50м градно 36.24 

8. Дарјан Андреев – Пк Скопје – нов рекорд постари пионери на Македонија во дисциплината 50м делфин 31.00 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…