Дома Македонски спорт Виз Ер Скопски маратон ќе се трча во недела со посебни протоколи за Ковид-19

Виз Ер Скопски маратон ќе се трча во недела со посебни протоколи за Ковид-19

Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 4-ти октомври, во недела со истата патека, но со нов старт и цел, за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Ова денеска на прес конференција го најави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, соопштувајќи дека оваа година со цел заштита на здравјето на сите, донесен е посебен протокол за одржување на најпознатиот и најстар спортски настан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Оваа година ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“. И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски, а патеката е иста. Тоа е така затоа што тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот“, изјави Синадиновски.

Прес конференцијата се одржа на терасата на хотел Парк, каде што свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Александар Кираџиев, национален првак во маратон во нашата земја неколку години по ред. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека со големо задоволство Град Скопје е повторно традиционален домаќин и покровител на Виз Ер Скопски маратон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…