Дома Фудбал Италија Виери: Милан требаше да изгуби со 5:0 или 6:0

Виери: Милан требаше да изгуби со 5:0 или 6:0

Прославениот италијански фудбалер, Кристијан Виери смета дека само поради одличниот Донарума Милан не изгубил од Интер со пет-шест голови разлика.

„Росонерите“ беа поразени од големиот ривал со 2:0, Виери после натпреварот излезе со констатација дека Интер бил доминантен на теренот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Милан не беше на нивот. Видовме одличен Интер, но после лошиот натпревар во Лигата на шампионите (реми со Славија) тоа беше очекувано. Беше очигледно дека излегоа на терен со желба, агресивност и притисок…Милан не направи ништо, ако не беше Донарума ќе изгубеа 5:0 или 6:0“, изјави Виери.

Виери ги прокоментира и навивачите.

„Навивачите се луди. После натпреварот против Славија бараа пола тим да биде отстранет. Три дена подоцна се беше во најдобар ред“, порача легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шешко е хит: Погледнете колку брзо го претрча теренот пред да постигне гол (Видео)

Словенечкиот фудбалер Бенjамин Шешко синоќа повторно ги вooдушеви фановите со својот гол з…