Паоло Малдини си заминува од Милан, оваа вест вчера вечер непријатно ги изненади навивачите на Милан, а дека има незадоволство помеѓу фудбалерите зборува и реакцијата на Рафаел Леао (ТУКА). Дека одлуката на газдата Кардинале да се раздели со Малдини е погрешна смета и легендарниот Бобо Виери.
Според информациите од Италија, Кардинале и Малдини имале различни гледишта на иднината за Милан. Малдини барал зголемување на ставката за плати за да се привлечат поквалитетни засилувања кои се слободни агенти и бараа поголем примања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така барал промена на политиката на штедење за Милан да биде конкурентен на најголемата европска сцена.
„Ако Малдини си заминува, тоа е затоа што клубот не сака да вложи ниту евро повеќе. Секако дека Кардинале е луд ако дозволи тоа да се случи, но во фудбалот секојдневно гледаме луди луѓе. Не сум изненаден од ништо, ова е фудбал и некогаш зборовите тука не вредат ништо“, изјави Виери.