Јавноста во Италија синоќа беше изненадена од веста дека Паоли Малдини и Масара ќе го напуштат клубот.
Имено, иако првите информации велеа дека и двајцата дале отказ, наводно биле шокирани од одлуката на сопственикот на клубот да ги отпушти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се беше резултат на средбата што вчера Малдини и Масара ја имаа со сопственикот на клубот Кардинале, а средбата помина многу лошо.
Челниците на Милан имаат голем проблем поради ова, бидејќи наводно играчите се шокирани од одлуката на клубот и не се задоволни од развојот на ситуацијата.
Еден од фудбалерите кој веднаш реши да се огласи на својот Твитер профил е најдобриот играч на Милан Рафаел Леао.
🤔
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) June 5, 2023
Другите играчи како Тео Ернандез и Сандро Тонали се свесни за тоа што претставуваше Малдини во клубот и не можат да веруваат што му се случи.
Ова ќе значи тотална трансформација на структурите и врвот на Милан каде Малдини и Масара беа задолжени за трансфери и договарање договори.