Легендите на фудбалската игра во моментите кога фудбалот е парализиран се дружат преку Инстаграм. За викендот интересен разговор имаа Алесандро Дел Пиеро и Кристијан Виери.
Откако зборуваа на различни теми Дел Пиеро му постави прашање на Виери со кое го „извади од такт“ па легендарниот Бобо го прекина разговорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се сеќаваш кога ти кажав разговорот на Инстаграм да го направиме на 5. мај?“, праша Дел Пиеро.
„Не, не требаше тоа да го кажеш. Ме уништи со тој 5. мај. Не ми даваш да спијам. Остави ме на мира“, гласеше одговорот на Виери.
Станува збор за последното коло од Серија А во 2001/2002 Интер влезе како лидер, но „нероаѕурите“ изгубија од Лацио со 4:2, додека Јувентус со 0:2 го победи Удинезе и стана шампион на Италија.