Дома Фудбал Останато Видиќ: Имав доволно дуели во кариерата, сега сакам спортови без контакти

Видиќ: Имав доволно дуели во кариерата, сега сакам спортови без контакти

vidic

Немања Видиќ од активното играње фудбалс се повлече пред две години…

Видиќ по пензионирањето најави и бојкот против српските медиуми се до неодамна кога зборуваше за „Б92“, а сега медиумите оваа земја успеаа да дојдат и до уште една изјава од легендарниот фудбалер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се повлеков од фудбалот пред две години и од тогаш скоро и да не допрев топка. Играв на прошталниот натпревар за Мајкл Керик во јуни 2017 година и тоа е се. Сега повеќе сакам спортови кои немаат дуели. Доволно ги имав во кариерата. Понекогаш давам некое интервју, се дружам, патувам и работам на тренерска про-лиценца и во некои моменту сум амбасадор на Манчестер Јунајтед“, изјави Видиќ кој потоа зборуваше и за сегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

„Мурињо е топ менаџер, но никогаш не сум работел со него. Но, работев со Сер Алекс и тоа воопшто не е лош, зарем не! Тој е навистина специјален, поседува многу квалитети. Секој кој играл за него мислам дека дал 120% од своите можности, тоа не го можат многу тренери“, заврши Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…