Моментално сме на крајот на првата третина од фудбалската сезона во Европа, па многу медиуми се занимаваат со статистичките податоци. Еден од најинтересните е секако посетеноста на стадионите.
Па така Германците денес се пофалија дека дури десет нивни клубови се меѓу 30-те најпосетени од стартот на сезоната.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неприкосновен лидер и оваа сезона е Борусија Дортмунд на чии натпревари во просек присуствуваат 80.830 луѓе. Со нив можат да се носат само „Олд Трафорд“, односно Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен со својата „Алијанц Арена“, како и „Вембли“ каде оваа сезона домашните натпревари ги игра Тотенхем.
Покрај двата споменати клуба од Бундес лигата се уште и Шалке, Штутгарт, Хамбургер, Мехенгладбах, Херта, Келн, Ајнтрахт и Хановор, сите се приближно до бројката 50.000…