Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Роналдо против Интер последен пат играл пред 16 години – еве како помина

ВИДЕО: Роналдо против Интер последен пат играл пред 16 години – еве како помина

ronaldo

Кристиано Роналдо вечерва од 20:30 часот во дресот на Јувентус во рамките од 15-тото коло во италијанската Серија А ќе игра против Интер.

Овој натпревар Роналдо ќе го игра на 33 години, 10 месеци и два дена старост – точно 16 години, три месеци и 24 дена после првиот натпревар во сениорската категорија против истиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да, Роналдо има играно против Интер.

ronaldo

Тоа се случи на 14 август во 2002 година. Ласалзо Болони, тренерот на Спортинг Лисабон во 58-тата минута во натпреварот од 3-тото претколо во Лигата на шампионите на местото на Тонито во игра го внесе тогаш 17 годишниот Роналдо.

Роналдо тој полвина час го одигра како лево крило, а го чуваше тогаш веќе легендарниот и 12 години постар од него Хавиер Занети.

За Интер тогаш играа: Толдо, Кордоба, Матераци, Коко, Далмати, Ди Баџо, Виери… а подоцна шанса добија Рекоба, Алмеида и Гули.

Натпреварот заврши без погодоци.

https://www.youtube.com/watch?v=AY0mKvtrwZU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…