Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Реал, Јуве и Сити лидери, Баерн пукна „петарда“, Јунајтед со последниот свиреж

Видео: Реал, Јуве и Сити лидери, Баерн пукна „петарда“, Јунајтед со последниот свиреж

После одигрувањето на 5-то коло во Лигата на шампиони Реал Мадрид, Рома, Баерн Минхен, Јувентус и Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед обезбедија пласман во нокау фазата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид запиша голема победа (0:2) на „Олимпико“ и го обезбеди првото место во групата. Првото полувреме им припадна на домаќините кои ја имаа иницијативата и создадоа неколку чисти шанси.

Сепак „кралевите“ ги казнија промашувањата во второто полувреме. Резултатот го отвори Герет Бејл во 47-та минута, а десет минути подоцна Лукас Васкез зголеми на 2:0.

Баерн Минхен со високи 5:1 ја победи Бенфика и обезбеди осминафинале. Робен го отвори мечот со мастрален гол, а потоа и го зголеми водството. Два гола постигна и Левандовски, а Рибери стави точка на голеадата.

Јувентус со минимални 1:0 ја совлада Валенсија, после прекрасната акција на напаѓачкиот тандем. Роналдо го проигра Манџукиќ кој ја смести топката во мрежата.

Манчестер Јунајтед се мачеше против Јанг Бојс до последните минути. Фелаини погоди во судиското продолжение за победа и пласман во осминафиналето.

Манчестер Сити освои бод против Лион кој му беше доволен за првото место во групата, а Шахтјор го изненади Хофенхајм во Германија и во последното коло во директна пресметка со Лион ќе одлучува кој ќе патува во нокат фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради одлуката на Флорентино Перез, Мурињо сега чини 15.000.000 евра

Можното враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид може да го чини шпанскиот клуб до…