Саботната програма во италијанската Серија А во 15-тото коло на „Сан Паоло“ ја отворија Наполи и Фросиноне.
После победата над Аталанта во Бергамо екипата на Карло Анчелоти славеше и денес против Фросиноне со убедливи 3:0 со што ја продолжи позитивната серија во италијанскиот шампионат.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Дека Фросиноне нема што да бара во овој натпревар Наполи покажа уште на стартот. Домаќините поведоа во седмата минута со голот на Зиелински, а до крајот на полувремето успеаа да зголемат на 2:0 преку Оунас.
Наполитанците не застанаа тука, продолжија да доминираат и во продолжение од натпреварот, а тоа им се исплатеше во 68 минута кога за 3:0 погоди Милик. До крајот на натпреварот во 85-тата минута Милик постигна уште еден погодок за конечни 4:0.
Наполи после овој триумф дојде на осум бода заостанување зад лидерот Јувентус, додека Фросиноне е претпоследен на табелата.