Српскиот шампион Црвена Звезда направи „чудо“ вечерва во Салзбург и се пласираше во групната фаза од Лигата на шампиони, откако се врати од два гола негатива и одигра 2:2.
Звезда губеше со 2:0 во овој меч и се чинеше дека Салцбург конечно ќе дојде до групната фаза од Лигата на шампионите, но тимот од Белград постигна два гола за две минути.
Кога судијата Чакир свирна крај настана лудило на теренот. Навивачите на Звезда влетаа на теренот и го прославија неверојатниот успех со своите играчи, па дури им ги сооблекуваа и дресовите.
