Финалниот натпревар во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока ќе се игра вечерва со почеток во 21 часот откако синоќа едноставно немаше услови натпреварот да се одигра.
Навивачите на Ривер два часа пред натпреварот ги нападнаа играчите на Бока, чиј автобус од непознати причини се најде на улицата каде беа лутите противници. Неколку играчи на Бока заработија повреди, а иако се обидеуваа со сите сили да се одигра натпреварот, на крајот тоа не беше возможно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Ривер покажаа уште еднаш дека се големи фанатици, но овие работи повеќе на никој не му прават задоволство.
Додека некои навивачи и седум саати беа на стадионот и го чекаа натпреварот, криминалците искористија шанса да крадат. Група навивачи на Ривер ги ограби автомобилите околу Монументал, а еден од нив успеа да снима и објави на Твитер.
Imagine buying a ticket for the game, being trapped inside for 7 hours straight without even being able to use the bathroom because of collapsed stairs, then the game gets suspended and when you get to your car you find out it’s been stolen. pic.twitter.com/8KHL1oa7OJ
— Mootaz Chehade (@MHChehade) November 24, 2018