Aргентинскиот тренер Марсело Гаљардо со огромен успех од 2014 до 2022 година го водеше Ривер, а гигантот од Буенос Аирес одлучи да му оддаде признание за доприносот со статуа пред стадионот „Монументал“.
Статуата посветена на 47-годишниот стратег е висок осум метри, меѓутоа посебно внимание привлече еден детал. Во прашање е меѓуножјето кое според зборовите на склупторката е намерно истакното.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Авторка на грандиозната статус е Мерседес Савали, која потврди дека намерно го истакнала овој дел поради вулгарниот жаргон кој се користи на аргентинските трибини.
„Намерно претерав во тој аспект, сфатив дека тоа има врска со навивачите и како тие го гледаат тренерот Гаљардо“, изјави авторката.
Гаљардо со Ривер двапати ја освојуваше Копа Либератодрес, а на статуата немал никакви замерки.
The River Plate statue to commemorate Marcelo Gallardo has some, erm, interesting features… pic.twitter.com/GFOXC1oxug
— FootballJOE (@FootballJOE) May 29, 2023