Дома Фудбал Италија Видео: Мајсторскиот лоб во 90-та минута кој за Парма значеше враќање во Серија А

Видео: Мајсторскиот лоб во 90-та минута кој за Парма значеше враќање во Серија А

Вчера беше одиграно последното 42 коло од италијанската Серија Б, а Парма му се придружи на Емполи како директен патник во друштвото на најдобрите во Италија.

Сепак, „млекарите“ немаа се во свои раце. На Парма и беше потребна победа против Спезија и кикс на Фросиноне против Фоџа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Парма својот дел рутински го одработи и ја совлада Спезја на гостински терен со 2:0. Вистинска драма беше видена на натпреварот помеѓу Фросиноне и Фоџа.

Фоџа поведе во 35 минута преку Мазе, Пагани изедначи во 68 минута на 1:1. Во 73 минута Рубин неспретно ја погоди сопствената мрежа и го доведе Фросиноне во предност, сонот на Парма за директен пласман во тој момент скоро и да се сруши.

Никој не очекуваше дека Фоџа ќе постигне гол до крајот, но тоа се случи! Роберто Флориано погоди за 2:2 и тоа со мајсторски лоб удар, гол со кој ја испрати Парма во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…