Дома Фудбал Репрезентации Видео: Македонија ја заврши работата за едно полувреме!

Видео: Македонија ја заврши работата за едно полувреме!

Македонската репрезентација стартуваше со победа во Лигата на нации, откако рутински го победи Гибралтар со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во текот на целиот натпревар имаа доминација на теренот. Првиот гол стигна во 19-та минута кога по уфрлување на Ристовски од десната страна, Тричковски со силен удар под пречката го донесе гостинскиот состав во водство.

Во 35-та минута Стефан Ристовски прекрасно го најде Барди, овој изби сам пред Голдвин, но не успеа да го совледа. Сепак, од корнерот дојде вториот гол за Македонија кога нафрлената топка стигна до Алиоски кој ја смести во мрежата.

Македонија имаше уште неколку добри шанси за поубедлива победа, во второто полувреме не успеавме да ја зголемиме предноста, но тоа беше доволно за првите три бода во Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мa какви политичари: Светското првенство создаде национален херој, државата му се оддолжи на единствен начин (Видео)

Репрезентацијата на Зеленортските Острови испиша една од најубавите приказни на досегашнот…