Дома Останати Кошарка Видео: Кливленд падна во последната секунда

Видео: Кливленд падна во последната секунда

Ослабениот Бостон Селтикс со тројка на Бредли во последните мигови од натпреварот победи на гостувањето кај Кавалирс и намали на 1:2 во финалето на Источната конференција во НБА. ЛеБрон запрен на 11 поени.

Кога се чинеше дека практично сè е решено и дека актуелниот НБА шампион повторно ќе прескокне уште едно скалило во „четворочекорот“ кон големото финале на НБА, се случи Маркус Смарт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Релативно непознатиот играч на Селтикс, како замена за повредениот Ајзеа Томас, водеше со 27 поени и 7 асистенции на чело на својот тим до пресврт и триумф на гостувањето кај Кливленд Кавалирс со 111:108 и за брејк во источното финале на НБА со резултат од 1:2.

Домашната екипа доминираше во првиот дел од натпреварот и стигна до 17 поени предност, за потоа да се опуштат во продолжението, посебно нивната одбрана. Тоа гостите го искористија, а пред сите се истакнаа Смарт и Ејвери Бредли со 20 и Ал Хофорд со 16 поени, а завршниот удар го зададе Бредли со тројка во последните секунди од натпреварот и го реши прашањето за победник на натпреварот.

Кај домаќините најдобар беше Кевин Лав со 28 поени и 10 скока, додека Кајри Ирвинг постигна еден поен повеќе. Најголемо разочарување,а воедно и причина за шокантниот пораз беше слабата игра на мега-ѕвездата на „Коњаниците“, ЛеБрон Џејмс, кој впиша само 11 поени (0-4 од тројка), заедно со 6 скока и изгубени топки и 6 асистенции.

Следниот меч меѓу Кавалирс и Селтикс, кои нема да можат до крајот да сметаат на поврдениот Ајзеа Томас, се игра во ноќта помеѓу среда и четврток од 2:30 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Како Димитријевиќ го полнеше кошот на Литванците: Сите 43 поени на Нено во едно видео 🎥

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен натпревар против Литванија во …