Дома Останати Кошарка Видео: Вориорсите до +49, пресврт на Кливленд и трипл-дабл на Леброн, Вестбрук одличен, но не доволно

Видео: Вориорсите до +49, пресврт на Кливленд и трипл-дабл на Леброн, Вестбрук одличен, но не доволно

cary

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Леброн Џејмс го забележа својот 57 трипл-дабл во кариерата и со тоа му помогна на Кливленд да направи пресврт во натпреварот против Шарлот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кливленд во натпреварот против Шарлот успеаа да го надополнат заостанувањето и тоа најмногу благодарение на Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 27 поени, 16 скокови и 13 асистенции.

Дабл-дабл оствари и Кевин Лав, 11 поени и 13 украдени топки. Двајт Хауард се истакна во поразениот тим со 20 поени и 13 скокови. Откако Мајкл Џордан е сопственик на Шарлот (2010) скорот на овој тим против Џејмс е една победа и 25 порази. Кливленд во овој момент е во серија од седум победи во сезоната.

Расел Вестбрук исто така забележа трипл-дабл , но тоа не беше доволно за Оклахома да го избегне поразот против Детроит. Натпреварот заврши 99:98 за Пистонси каде што најдобар беше Андре Драмонд со 17 поени и 14 скокови. Вестбрук го запиша шестиот трипл-дабл во сезоната, 27 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

Голден Стејт го декласираше тимот на Чикаго и запиша победа од огромни 49 поени разлика. Вориорсите воедно беа и најефикасниот тим на вечерта стигнаа до бројката од 143 поени. Најефикасен во редовите на актуелниот шампион беше Стеф Кари со 33 поени, го следеше Томпсон со 29 поени. Во редовите на поразениот тим најефикасен беше Грант со 21 поени и Марканен со 14.

НБА резулати:

Атланта – Њу Јорк Никси 116:106

Бостон – Орландо 118:103

Кливленд – Шарлот 100:99

Индијана – Торонто 107:104

Минесота – Мајами 97:109

Оклахома – Детроит 98:99

Денвер – Мамефис 104:92

Феникс – Њу Орлеанс 91:115

Голден Стејт – Чикаго 143 – 94

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакуларно: Едвардс го изведе забивањето на сезоната во НБА 🎥

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс изминатата вечер го имаше забивањето на сезоната. Е…