Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Буфон веќе беше совладан, шансата во финишот за која „петлите“ долго ќе жалат…

Видео: Буфон веќе беше совладан, шансата во финишот за која „петлите“ долго ќе жалат…

Јувентус вчера во реваншот од 1/8 финалето на „Вембли“ го победи Тотенхем со 1:2.

„Петлите“ први стигнаа до водство преку Сон во првиот дел, а потоа во вториот дел Јувентус во период од само три минути постигна два погодоци преку Паоло Дибала и Гонзало Игуаин.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, во самиот финиш замрзнаа срцата на сите фанови на Италијанците. Хари Кејн шутираше со глава од непосредна близна, топката заврши во стативата за потоа да оди на работ на гол линијата пред да биде исфрлена.

Шанса која Англичаните сигурно нема лесно да ја заборават…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…