Бока Јуниорс е нов шампион на Аргентина!
Клубот од Буенос Аирес стигна до својата 33 титула во Аргентина и вкупно 67 трофеј во своето постоење од 113 година. После ремито во Ла Плата против Гимнасија Бока и математички ја обезбеди титулата на едно коло пред крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пабло Перез постигна гол во 12 минута, Колазо изедначи во 33, но во 58 Рамон Алба го искористи киксот на дефанзивецот на Гимнасија и постигна гол за нова радост на Бока.
До крајот Брахиан со убав гол од далечина успеа да изедначи, но тоа не го расипа славјето бидејќи на Бока и беше доволен и бод.
Потоа на преполната „Бонбоњера“ следуваше големо и прослава каква што само Аргентинците знаат да направат.