Безидејно и неспособно – така изгледаше Челзи во вчерашниот натпревар на „Итихад“ во кој домаќинот славеше со 1:0.
Не е срамно да се изгуби од Сити, посебно не од овој кој го води Пеп Гвардиола, а впрочем резултатот 1:0 не е болен како на пример 3:0 (Арсенал со овој резултат изгуби два пати во само неколку денови). Значи, до некаде може да се разбере постапката на Антонио Конте кој и самиот кажа дека не е луд за да го нападне Сити и така да изгуби со пет разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар јавно ја критикуваше формацијата на Италијанецот, истакнувајќи дека не било можно со таква игра нешто да направат.
Колку Челзи изгледаше безидејно и немоќно, најдобро покажува моментот од 73 минута. Играчите на Сити си додаваа на средина од теренот, а ниту еден фудбалер на Челзи не ни помислуваше да нападне, како да е 5:0, а не 1:0.
Сеск Фабрегас и Вилијан стојат, Бразилецот уште не што и зборува со судијата нешто што тешко може да се види во Премиер лигата, посебно не од актуелниот шампиони. Како да заборавиле нешто дома во Лондон? Ниту еден ривал не е толку добар да се откажете во 74 минута при резултат 0:1.
LOOK AT THEM JUST TAKE A FUCKIN' LOOK AT THEM! pic.twitter.com/c5ii0JhaK1
— The Blues (@TheBlues___) March 4, 2018