Дома Фудбал Германија Видео: Баварците како по ноти, Леверкузен се спаси

Видео: Баварците како по ноти, Леверкузен се спаси

Баерн продолжува со победите и во 12-то коло беше убедлив на домашен терен против Аусбург. Леверкузен се спаси од пораз, сигурна победа на Волфсбург.

Баерн игра фантастично под водство на Јуп Хејнкес, а овој пат главни ѕвезди кај Баварците беа Роберт Левандовски и Артуро Видал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аусбург одолеваше на нападите цели 30 минути, кога после една мешаница во петерецот најспретен беше Видал кој погоди за 1:0. Само неколку минути подоцна Чилеанецот одлично го проигра Левандовски кој зголеми на 2:0. Полјакот на почетокот на второто полувреме ги постави конечните 3:0.

Лајпциг и Леверкузен одиграа фантастичен меч кој заврши без победник (2:2). „Фармацевтите“ од пораз ги спаси искусниот Воланд во последните минути од натпреварот. Варнер од пенал донесе почетно водство за гостите, но на полувреме се замина со 1-1, откако гол за „фармацевтите“ постигна Бајли во 44-та минута. Форсберг му донесе водство на Лајпциг од 1:2, но домаќините на крајот успеаа да израмнат.

Волфсбург запиша сигурна победа од 3:1 против Фрајбург. Минимална победа за Мајнц 05, откако на домашен терен со 1-0 славеше над Келн, додека Ајнтрахт Франкфурт одигра 1-1 на гостувањето кај големиот фаворит Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Даглас Луиз преминува во Нотингем Форест

Играчот на Јувентус, Даглас Луиз (27), се очекува во наредните денови да го финализира сво…