Реал Мадрид вечерва со почеток во 18:00 часот го одигра полуфиналето на Светското клупско првенство против Ал Џезира.
„Кралевите“ потешко од очекувањата успеаа да стигнат до победата. Од самиот старт Реал тргна офанзивно, но Ал Хусани правеше чуда на голот на својот тим. Во овој натпревар повторно, Карим Бензема се истакна со голем број промашувања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал напаѓаше создаваше шанси, но во 41 минута од средбата фудбалерите на Ал Џезира одиграа одлична контра и Ромарињо го совлада Кејлор Навас, па атусајдерот на овој натпревар беше тој кој што замина со предност на полувремето.
Вториот дел започна исто, повторно Реал имаше притисок, но Ал Џезира повторно одигра одлична контра, Боусуфа ја погоди мрежата. Сепак после сигнализирањето ВАР технологијата покажа дека имало офсјад, па голот беше поништен. Набрзо потоа се повреди и фантастичани Хусани, па на голот застана, неговоата земена Ал Сенани.
Само неколку минути подоцна, Кристиано Роналдо успеа конечно да го пронајде патот до мрежата и израмни на 1:1. Сликата не се менуваше, се играше пред голот на Ал Џезира. Во 81 минута на местото на Бензема кој пропушти огромен број шанси во игра влезе Герет Бејл кој за неполна минута успеа да постигне и погодок за конечни 1:2.