Дома Фудбал Останато Вида во животот не добил толку понуди како што има сега

Вида во животот не добил толку понуди како што има сега

Со одличните игри на Светското првенство во Русија, Вида го привлече вниманието кон себе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот дефанзивец во моментов е член на Бешикташ, а иако во овој тим е само шест месеци, тие се подготвени да ги слушнат сите понуди. Ливерпул прв се јави. Понудија 22 милиони евра, но истанбулскиот клуб тоа го одби и бара осум милиони повеќе, па сега повторно е на потег Јирген Клоп.

Од другата страна наводно е одбиена и понуда од Фулам. Сумата која е испратена не е позната, но тоа не е се од понудите кои пристигнаа на адресата на Бешикташ. Вида во своите редови би сакале да го видат и Монако и Вест Хем. Овие два тима се подготвени да се вклучат во борбата за неговиот потпис и хрватскиот фудбалер ќе има слатки маки при изборот на новиот клуб.

Одличниот дефанзивец пред Бешикташ играше за Динамо Загреб и Киев, Баер Леверкузен и Осиек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА заборави на едно правило кое јасно покажува дека Хрватска била оштетена

Испаѓањето на Хрватска од Светското првенство по натпреварот против Португалија е главна т…