Дома Фудбал Останато Ветеранот стави крај: Мирко Вучиниќ ја заврши кариерата

Ветеранот стави крај: Мирко Вучиниќ ја заврши кариерата

Црногорскиот ветеран Мирко Вучиниќ заврши со активното играње фудбал.

Ветеранот Мирко Вучиниќ кој своевремено беше член на Рома и Јувентус ја заврши својата играчка кариера.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вучиниќ потврди дека повредата влијаела на неговата одлука нешто порано отколку што очекуваше да ја заврши професионалната кариера.

„Сакам да се пробам и во тренерската работа. Би сакал да водам некоја екипа. Одработив неколку тренинзи со деца и ми се допадна, се одеше подобро од очекувањата. Соработував со многу тренери и од сите по нешто научив. Би сакал да направам комбинација од сите совети и да ги соберам во една целина. Ме привлекува оваа работа, но ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Вучиниќ.

Мирко Вучиниќ има 34 години и во својата кариер го носеше дресот на Сутјетска, Лече, Рома, Јувентус и Ал Џезеира, а дефинитивно најголема трага остави во Рома каде што постигна 64 погодоци.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …