Највлијателниот играч во редовите на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари во досегашната кариера настапувал само во овој тим, и во интервју за ЕСПН истакна дека би сакал до крајот на својата кариера да го носи дресот на „Воините“.
„Тука сум дома и сакам да останам во Голден Стејт.Тука би сакал да останам до крајот на мојата кариера. Во родниот крај би се вратил само ако сестра ми се омажи или пак гостувам на натпревар“, вели Кари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кари исто така посочи дека индивидуално тренира за време на летото, и дека ќе биде стопроцентно подготвен за новата сезона во НБА.