Еве што не очекува во следните 48 часа.
Изгледа работите се приближуваат кон својот крај, односно дека се е готово.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Џалуиџи Буфон во следните 48 часа ќе ја објави својата одлука. Според извори на „Калчо Меката“, истата е очекувана, Буфон ќе ја продолжи кариерата.
Сумата е нешто помала од првобитно, веројатно поради суспензијата од три меча во Лигата на шампионите, годишно Буфон ќе заработува седум милиони евра, а договор ќе потпише на 24 месеци.
Целиот аранжман опфаќа и улога на промотер, односно амбасадор на Мундијалот во 2022. година, кој ќе се оддржи во Катар.
Целата ситуација ја прифати и првиот голман на Парижаните, Алфонс Ареола, кој одвај чека да соработува со својот идол.
„Буфон е мој идол и можам да се видам себеси како работам со него, ќе видиме што ќе се случи“, истакна Ареола.
Од друга страна се појавија приказни околу неговото незадоволство, заминувањето од клубот, веќе порача дека очекува да остане прв голман.
Покрај Буфон тоа изгледа многу тешко, без оглед што Италијанецот има 40 години.