Ветеранот Блејк Грифин кој некогаш беше еден од најдобрите играчи во НБА лигата во новата сезона ќе го носи дресот на Бостон Селтикс откако со овој тим потпиша ветерански минимален договор од 2.7 милиони долари.
Минатата сезона Грифин ја помина како кошаркар на Бруклин, а во Бостон пристигнува како слободен играч. За Нетс имаше просек од 6.4 поени по натпревар, 4.1 скок и 1.9 асистенции по натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Настапи на вкупно 56 натпревари и тоа е најмногу за него досега во една сезона уште од 2018/2019 кога беше дел од Детриот.
Во 2019 и 2020 година шесткратниот олстар играч имаше неколку операции на двете колена и од тогаш ја загуби експлозивноста и мобилноста што го правеа и тоа како атрактивен играч.