Тимот на Вест Хем беше блиску да се засили со Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, но откако англискиот репрезентативец не ја реши ситуацијата со „црвените ѓаволИ“ се насочи кон нова мета.
Нов стопер на „чеканите“ е 25-годишниот Константинос Мавропанос кој во Лондон пристигнува од Штутгарт каде што ја помина последната сезона. Станува збор за фудбалер кој Арсен Венгер уште во 2018. година го доведе Арсенал од грчкиот Пас Јанина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа откако не се пронајде во Арсенал се пресели во Германија каде што играше за Нирнеберг, па Штутгарт каде што играше во најдобра форма и стана стандарден репрезентавиец на Грција. Дресот на Арсенал го носеше на седум натпревар.
Вест Хем за трансферот на Мавропанос ќе плати 20 милиони евра.