Дома Македонски спорт Мак ракомет Веспрем поразен од Кил во ЛШ, иако Манасков имаше добра партија

Веспрем поразен од Кил во ЛШ, иако Манасков имаше добра партија

Унгарски Веспрем запиша пораз од гостувањето кај Кил во рамки на Лигата на шампионите со 22:20.

Во 11. коло тимот на нашиот Дејан Манасков беше поразен, а тоа се чини беше познато уште од самиот старт на мечот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, првото полувреме Кил го доби со пет погодоци позитива, односно 14:9, а во продолжението иако Веспрем се доближи не успеа да дојде до пресврт, па оттаму и конечните 2 погодоци разлика во корист на германскиот состав.

Нашиот интернациоаналец на мечот запиша четири погодоци.

Инаку покрај Веспрем и Кил, на денешниот програм силите ги одмерија и Мешков Брест и Алборг кои ремизираа 23:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ваков спектакл Скопје не памети: Најголемите имиња од македонскиот ракомет на едно место!

Скопје на 29 октомври ќе биде домаќин на ракометен спектакл каков што одамна не сме виделе…