Дома Останати Ракомет Веселин Вујовиќ остана без ангажман поради политичките тензии на Блискиот Исток

Веселин Вујовиќ остана без ангажман поради политичките тензии на Блискиот Исток

Познатиот ракометен тренер, Веселин Вујовиќ по 20 месеци си замина од селекторската функција на иранската репрезентација.

Екс-тренерот на Вардар, легендарниот Вујо по азиските квалификации за Олимписките игри во Париз кои се играа во Доха одлучи да поднесе оставка.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Од иранската федерација не сакале да ја прекинат соработката, меѓутоа Вујовиќ бил цврсто решен и не сакал да работи во услови на вонредна состојба поради политичките тензии на Блискиот Исток.

Вујовиќ зад себе имаше добро Светско првенство во 2023 година со Иран каде што оваа земја за првпат стигна до второто место завршувајќи на 24-тата позиција од 32 најдобри селекции на планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпрева…