Дома Фудбал Останато Венгер: Сите останати се слаби, овој Баерн не ниту блиску до оној од 2013

Венгер: Сите останати се слаби, овој Баерн не ниту блиску до оној од 2013

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер во интервју за „Дер Шпигел“ зборуваше за новиот европски шампион Баерн Минхен.

Французинот го пофали тимот на Ханс Флик, но потенцираше дека тој не е премногу воодушевен од овој тим на гигантот од Минхен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не би сакал да испадне дека го потценувам овој Баерн. Тие се најдобар тим во Европа, но мораме да бидеме свесни дека тие немаат вистинска конкуренција. Барселона е слаб, Реал исто така, сите други се слаби. Овој Баерн не е ниту блиску до оној од 2013 година кога исто ја освоија Лигата на шампионите“, смета Венгер.

Инаку поранешниот тренер на Арсенал повеќе пати беше елиминиран од Баерн, во последните два натпревари во осминафиналето беше поразен со вкупен резултат од 10:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mурињо објасни на сите зошто го нарекуваат „Специјалниот“ – таква почит кон Меси никој не покажал!

Жозе Mурињо за многумина е сѐ уште еден од најдобрите тренери во светот, иако неговата кар…