Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер категорично му пренел на својот штаб дека нема да се повлече од функцијата по крајот на сезоната.
Според „Тајмс“, Французинот им рекол на своите помошници дека е убеден дека тој најдобро може да ги реши проблемите на тимот и ако сопствениците сакаат промена, ќе треба да го отпуштат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето, Венгер потпиша нов двегодишен договор и планира да го одработи до крај и покрај повикот на навивачите да се повлече по серијата слаби резултати.
Арсенал загуби шест од последните осум натпревари и заостанува 13 поени од четвртото место. Единствена шанса за трофеј пред тимот е турнирот во Лига Европа.
Според „Сан“, пак, играчите на Арсенал се изјасниле против можноста Микел Артета, кој во моментов е асистент на Пеп Гвардиола, да го замени Арсен Венгер.
8️⃣8️⃣ PER CENT….
Want Wenger gone. ?
That's what the polls say from the Arsenal Supporters Trust.Full story: https://t.co/DEGfxpnHLw pic.twitter.com/liA5kIjCRu
— Sky Sports PL (@SkySportsPL) March 6, 2018