Хауард Веб, шефот на фудбалските судии во англиската Премиер лига, тврди дека бројот на погрешни проценки од видео помошните судии (ВАР) оваа сезона е намален за 80%.
ВАР се користи во Премиер лигата веќе пет години, но се уште има бројни дискусии за системот и како се користи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во јуни, клубовите од Премиер лигата гласаа со 19-1 за задржување на ВАР, откако Вулверхемптон започна гласање за негово укинување. Независното истражување нарачано од Премиер лигата покажа дека 80% од навивачите сакаат да го задржат ВАР.
Со цел одлуките донесени во ВАР-салата да бидат појасни за пошироката публика, Премиер лигата лансираше наменски канал на социјалните мрежи.
Според независната комисија која се занимава со анализа на клучните инциденти во натпреварите од Премиер лигата, имало 31 неправилна употреба на ВАР во текот на сезоната 2023/2024.
„Ние ја имаме оваа независна комисија од поранешни играчи и тие ја судат секоја одлука секоја недела, а според панелот – кој е независен од нас, има само две грешки на ВАР оваа сезона во споредба со 10 во исто време минатата година, рече тој.