Дома Македонски спорт Мак ракомет Васиљев: Веднаш ми се допадна опцијата дојдам во Битола

Васиљев: Веднаш ми се допадна опцијата дојдам во Битола

На позицијата кружен напаѓач Еурофарм Пелистер направи најмногу промени ова лето.

Клубот го напуштија Кушан, Граџан и Никола Маркоски, а на нивно место пристигнаа Жарко Пешевски и Денис Васиљев. Битолскиот состав денес го претстави ракометарот кој пристигна од Мотор Запорожје.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола.

Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, изјави Васиљев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…