Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар ремизираше со „пандевци“, Шкендија подобра од Ренова

Вардар ремизираше со „пандевци“, Шкендија подобра од Ренова

Денес во рамките од 27-то коло во македонското првенство беа одиграни пет натпревари кои поминаа без поголеми изненадување.

Најинтересно се очекуваше да биде во натпреварот помеѓу Вардар и Академија Пандева (првопласираната и второпласираната екипа на табелата).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На крајот овој натпревар заврши без победник 1:1. Вардарци до предност стигнаа во првото полувреме со голот на Аврамовски после половина час игра. Таа предност на домаќините беше актуелна се до 85-тата кога Дориев постигна гол и го изедначи резултатот.

Лидерот Шкендија играше со четвртопласираната Ренова и славеше победа од 2:1. Бејтулаи ги д доведе Тетовци во водство во 34-тата минута, а Садики само четири минути подоцна изедначи на 1:1. Конечниот резултат го постави Радески со погодокот во 54-тата минута од средбата.

Во останатите натпревари Беласица дома изгуби од Силекс со 0:1, Македонија Ѓ.П освои три бода против Победа 3:0, додека Работнички на гости славеше против Шкупи со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…