Вардар повторно ќе игра финале во СЕХА лигата откако оствари херојска победа после пенал рулет над Загреб во полуфиналето.Во регуларниот дел мечот заврши 26:26.
Почетокот мина во игра гол за гол, одлична игра во напад на двата тима и израмнето беше во првите 15 минути. Потоа малку падна играта на „црвено-црните“, па Загреб замина на одмор со предност од три гола 16:13.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вториот дел Вардар повторно се мачеше во играта во нападот, тоа го искорити Загреб и дојде до пет гола предност (19:14). Потоа момците на Алушевски заиграа подобро и со серија од 4:0 ја вратија неизвесноста на десетина минути до крајот.
Во последниот напад Јотиќ реализираше за конечни 26-26 и изведување на удари од седум метри. Во пенал-рулетот Борко беше херој и со две интевенции го однесе Вардар во финале.
Дисингер и Дибиров со по пет гола беа први стрелци во таборот на Вардар, додека одличниот Борко Ристовски на голот забележа девет интервенции од кои шест во финишот на натпреварот и два пенали.