Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар победи во Битола и дојде на чекор од нова титула!

Вардар победи во Битола и дојде на чекор од нова титула!

Вардар славеше победа против Еурофарм Пелистер од 23:26 со која стигна на чекор до нова титула.

До крајот на сезоната има уште три кола и ако Вардар победи на овие три средби ќе биде нов-стар шампион на Македонија. Денес во Битола натпреварот се решаваше во завршницата, претходно констатно беше неизвесно и ниту една од екипите не успеваше да направи посериозна разлика.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Проблем за пелистерци денес беше нападот, недостасуваше капитенот Јосип Периќ, а Јосип Табоада кој собра сили да истрча и покрај повредата немаше полна минутажа. Натпреварот беше решен во последните десетина минути кога беше важен секој напад. Тогаш се покажа и искуството на Борко Ристовски, кој фати три важни топки и Вардар направи клучна серија.

Во 57. минута, црвено-црните ја завршија серијата од четири невозвратени гола и поведоа со 25-22. Оттука веќе немаше враќање за дефокусираниот домаќин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…