Александар Васоски не е повеќе тренер на ФК Вардар.
По завршувањето на есенската полусезона Васоски одлучи да си замине, а своето заминување го потврди преку социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Почитувани спортски пријатели,сакам само да ви се обратам 2-3 дена после последниот натпревар на Вардар во оваа сезона.
Факт е дека Вардар е последно место на табелата што секако не личи на клуб со реноме,меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат клубот не не одминаа и оваа сезона.Освоени се 17 бодови(чисти како солза) без помош на пријатели (никој ни нема аут и фаул поклонето), а не пак бодови. Играта од натпревар во натпревар се поправаше,создававме многу шанси кои за жал не ги реализиравме,и со малку повеќе среќа ќе имавме уште 5-6 бода на нашето конто.
Несреќна околност беше и повредата на нашиот капитен Мицевски, и откажувањето на солидниот стопер Алаверда. Огромна благодарност до в.д раководството од Комитите кои одвојувајки и свои средства помагаа во функционирање на клубот.
Благодарност до навивачите,администрацијата,вработените во клубот,а највеќе до ФУДБАЛЕРИТЕ кои вложуваа натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати.
Што се однесува до мене,јас ветив дека до декември ке му помогнам на клубот,надевајки се дека ситуацијата ке се подобри,меѓутоа очигледно се нема слух и стратегија од лугјето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Неможејки повеќе да го носам теретот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, oбјави Васоски.
Вардар во овој момент е последен на табелата во ПМФЛ со само 17 бодови, исто колку што има и Брегалница.