Ракометарите на Вардар ќе имаат прилика само да влијаат на значително подобрување на финансиската состојба во клубот.
Вардар како европски шампион го очекува настап на неофицијално светско клупско првенство и на овој турнир со само три победи црвено-црните можат да заработат 400.000 евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тие 400.000 евра се сума која е предвидено да ја добие победникот. Вардарци натпреварувањето ќе го започнат од четвртфиналето.
На овој турнир кој ќе се одржува во Саудиска Арабија ќе настапат: Барселона (како бранител), Ал Вехда (домаќин), Ау Духаил (шампион на Азија), Замалек (шампион на Африка), Таубате (шампион на Јужна Америка), Њујорк (шампион на Северна Америка), Сиднеј (шампион на Австралија), Ал Мухдар (вајлд карта) и Кил (вајлд карта).
За второпласираниот тим наградата изнесува 250.000 евра, додека третиот ќе добие 125.000 евра.
Неофицијалнот светско клупско првенство започнува на 27-ми август.